Цевки
Коругираните (ребрасти) цевки ИНТЕРКОР се двослојни канализациони цевки од полипропилен (ПП) и полиетилен (ПЕ), со мазен внатрешен и ребрест надворешен ѕид. Се произведуваат според EN 13476-3, во класи на прстенеста крутост од SN4 до SN16 и во дијаметри од OD 110 до DN 1200 mm.
Се користат за фекална и атмосферска канализација, дренажа, изградба на патишта и автопати и за индустриски и комерцијални објекти. Цевките се спојуваат со бризгани спојници и еластомерни заптивки, а перфорираната дренажна цевка ИНТЕРКОР ја собира подземната вода околу објектите и патиштата.